Писателот Милан Богоевиќ открива историски детал во кој пред 109 години Велика Британија преку понуда до српската влада сакала да даде територии на Македонија на тогашното Царство Бугарија.
Богоевиќ вели дека оваа понуда за распарчување на Македонија се потврдува и од документите кои ги истражувал хрватскиот новинар Дарко Худелист кој ги анализирал документите на Српската академија на науките и уметностите каде во зачувани записници од владини седници се зборува за понудата на Лондон.
Според Богоевиќ со планот на Велика Британија Источна Македонија и Косово требало да припаднат на Бугарија за да Софија ги напушти Австроунгарија и Германија и прејде на страната на Антантата.
Во понудата биле и Банат и Војводина кои требало да припаднат на Романија.
За возврат Србија тогаш требало да добие излез на море од Сплит до Црна Гора како и голем дел од Босна и Херцеговина.
Понудата дадена летото 2015 година според Богоевиќ била одбиена од Кралот Александар Караѓорѓевиќ поради противењето на тогашниот српски премиер Никола Пашиќ.
https://www.facebook.com/share/r/WJnEFtFFkeHKa9P6/?mibextid=oFDknk






