Извесен Џозеф Писнети објавил анализа на YouTube во кој се прашува како би изгледала Југославија доколку не се распаднеше или, како би изгледала денес обновена и обединета Југославија.
Кога однови би се „обновила“, Југославија би имала нешто повеќе од 20 милиони луѓе, со што автоматски би влегла на осмо место меѓу 10 најголеми земји во Европа, веднаш по Полска. Во 1991 година, кога се распадна СФРЈ имаше 23 милиони луѓе.
Според територијата таа би била со големина на Велика Британија.
Според етничкиот состав, во заедничката држава би живееле 35 отсто Срби, 20 отсто Хрвати, 11 отсто Албанци, 9 отсто Бошњаци, осум отсто Словенци, шест проценти Македонци, еден процент Црногорци и 10 отсто други .
Од населението, 43 проценти би биле православни, 27 отсто католиците, 22 проценти проценти муслимани и осум проценти атеистите, агностици и други помали верски групи.
Бруто домашниот производ би изнесувал 191,045 милијарди долари, со што Југославија би се позиционирала како 53 земја во светот (пред Романија, на пример) кога станува збор за економијата.
Војската би имала околу 230.000 припадници, а петте најголеми градови би биле Белград, Загреб, Сараево, Љубљана и Скопје.





