Од ЈСП претпладнево објавија дека денеска Жичницата на Водно не е во функција поради силниот ветер.
„Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно.
Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“ се вели во соопштението на ЈСП..
Курир објави дека нивниот фоторепортер кој се најде на падините на Водно, направи видео во кое јасно се гледа дека ветер на Водно нема, а тоа може да се види по државното знаме кое мирува.
ВИДЕО на следниот линк: https://kurir.mk/wp-content/uploads/2025/01/f8664669-9348-403e-8454-1db46018f656.mp4?_=1
Логиката вели дека доколку би имало ветер тоа би се вееле, а нормално и не би имало толку магла, објавија од Курир.
Фоторепортерот можел да слушне и луѓе како коментираат дека градската власт е толку неспособна што една жичара не можат да одржуваат како што треба.
Други пак велеле дека веќе нема да се качат на неа, бидејќи се плашат истата да не падне…






