Каква љубов беше тоа, Џамбазов ја објави песната што татко му ја напишал за мајка му (ВИДЕО)

Каква љубов беше тоа, пишува Игор Џамбазов објавувајќи ја песната што татко му ја напишал за мајка му.



Песната ,,Ана” е мелодија изведена од Симеон Цуцуловски на Скопскиот фестивал во далечната 1971.

Композитор е Александар Џамбазов, а песната е посветена на неговата сопруга, Анче Прличкова Џамбазова.

Игор Џамбазов во повеќе наврати зборувал за вонвременската љубов меѓу татко му Александар и мајка му Анче.

Анче Џамбазова која е ќерка на легендарниот македонски актер е родена 3 август 1942 во Скопје а починала на 30 септември 1997 во Скопје.

Македонската театарска и филмска глумица е најпозната по улогите во „Мирно лето“ и „Македонски народни приказни“.

Александар Џамбазов е роден на 3 февруари 1936 а починал на 25 јануари 2022 во Скопје.

Тој е македонски диригент и композитор, великан на современата македонска музика со огромен број дела зад себе.

Песната што Александар ја напишал за Анче