Иако беше најавено дека ќе биде објавен предлогот за тоа кои прехрамбени производи ќе се најдат во есенската потрошувачка кошничка и колку ќе биде намалена нивната цена, владата соопшти дека им се потребни дополнителни консултации со фирмите односно со стопанските комори. Целта, според премиерот Христијан Мицксоски не е на сила да носат закони, но не го оправдува ни непристојното богатење на грбот на граѓаните, кои секој ден се жалат на скапотијата.

- Има за жал поединци кои ја злоупотребуваат оваа позиција и мора да интеревнираме. Онаму каде што пазарната економија функционира е добро и не реагирамe, но таму каде што некој непристојно се богати на грбот на граѓаните, каде што има монопол, дуопол или триопол, ние ќе реагираме. Кога ќе ги видите увозните цени, кога ќе видите како е поделен пазарот, гледате дека мора да интервенираме, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Паралелно со се ова, отприлика за две недели треба да стапи на сила и Законот за нефер трговски практики, каде рабатот ќе се ограничи на 10% на над 2.600 производи. Дали ќе се пролонгира примената – премиерот се чул со претседателот на Стопанската комора на Македонија, и побарал официјален став од Комората.

- Јас утринава побарав официјален став од Стопанската комора што да прваиме. Затоа што прозиводителите едно кажуваат, трговците друго. Добиваме различни писма. Сега ќе видиме дали да останеме за примена на законот или да го одложиме, додава Мицкоски.
Претходно, Законот за нефер трговски практики се донесе крајот на март. Трговците имаа 6 месеци да се прилагодат и да склучат нови договори со производителите и добавувачите, али се уште си тераат по своие и никој не сака да мрдне ни со прст.
Со Законот за забрана на нефер трговски практики маржата на над 2.500 проивзоди ќе се ограничи до 10%.
Од Владата и натаму остануваат на ставот, законот е тука, но ако бизнисот побара одлагање на неговата примена ќе се излезе во пресрет, но премиерот не очекува со стапувањето на сила на законсокото решение цените да бидат значетелно намалени.





