Каде е Груби: Ниту една држава од соседството не доставила официјална потврда до МВР

Во вечерашкната Топ Тема на Телма на прашањето до министерот за внатрешни работи, кои колеги му се на „црвена линија“ Албанија, Косово или некоја трета во потрагата по бегалецот Артан Груби, Тошковски одговори дека досега официјална потврда не е доставено до македонското МВР.



  • Во однос на тоа каде е господинот што го посочивте, сакам да верувам дека она што се обзнани во јавноста дека ќе врати затоа што е чист како солза и овие основани соменија не се така како што ги толкува МВР и обвинителството. Сакам да верувам дека таа изјава е во насока на некои приватни обврски, рече Тошковски.

На прашањето со која соседна држава разговарате, откако Изет Меџити излезе дека Артан Груби е во  Албанија, тој беше дециден дека меѓународна потерница за предметното лице е објавена.

  • „Имаме комуникација со сите соседни држави и одлична е соработката со нивните министерства за внатрешни работи и досега официјална потврда не е доставено до македонското МВР“, рече министерот.

Тој истакна дека не би си дозволил да шпекулира со одредени информации кои кружат во јавноста.

Дали Груби е бегалец од правдата или само е недостапен за органите на прогонот?

  • Да тој е недостапен за органите на прогонот и би сакал, доколку како што вели е „чист како солза“ да се одважи и сите надлежни органи ќе си постапат согласно надлежностите, рече Тошковски.
  • Предметното лице по усна наредба на јавен обвинител в моментот кога ја напушта Македонија е ставен на Стоп листа, при што предметниот полициски службеник кој работи во рамки на гранична полиција бил должен да го задржи и за тоа да извести надлежен органи, односно надлежниот јавен обвинител кој требало да даде напатствија за понатамошно постапувања. Но за жал од страна на пол службеник кој му врши проверка на пасош, ова е констатирано со видео запис, по увид во рамки на пасошот на предметното лице, му го враќа пасошот и тој се упатува кон косовскиот граничен премин и по неколку минути констатира дека предметното лице е на Стоп листа и во тој момент презема соодветни дејствија на известување но не го запира лицето, објаснува Тошковски.

Министерот рече дека затоа во оваа фаза е изготвен записник дека полицискиот службеник не постапил согласно со стандардна оперативна процедура и не го задржал предметното лице и му дозволил да излезе.

  • Заради тоа Одделот за внатрешна контрола заедно со одделот на обвинителството за гонење на организиран криминал е поднесена соодветна кривична пријава, а во рамки на надлежностите на МВР е донесено решение за суспензија на предметното лице, вели минстерот.

Тој е дециден дека полицаецот направил кардинална грешка и не известува јавен обвинител за тоа.