Тесто, шербет и ништо повеќе. А вкусниот кадаиф со ореви веднаш ќе го снема од трпезата. За сите оние кои сакаат вакво слатко, еве го начинот и рецептот кој ќе го користите за да направите највкусниот кадаиф иако можеби и немате многу искуство.
Потребни состојки :
-500 гр. кадаиф
-200 гр. ореви
-150-200 гр. путер
-300 гр. шеќер
-1 лимон
-50 гр. суво грозје

Начин на подготовка:
Намачкајте ја тепсијата со путер и наредете половина од кадаифот во тепсијата. Потоа ставете ги толчените ореви помешани со суво грозје, попрскајте со путер и ставете ја другата половина од кадаифот. Попрскајте со остатокот од путерот и ставете го во рерна да се пече околу 40 минути. Шеќерот со 200 гр. вода и сокот од лимонот сварете го и прелијте го печениот кадаиф. Кадаифот треба да биде ладен, а шербетот врел.





