Кавга меѓу Париз и Берлин за оружјето за Украина

Францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну остро ја критикуваше Германија во врска со помошта во оружје која Берлин и Париз ја испраќаат во Украина.



Одговарајќи на германските обвинувања дека Франција не и помага доволно на Украина, Лекорну не само што ја обвини политиката на владата во Берлин туку ја понижи и германската воена индустрија.

„Сè што испорачавме всушност функционира… додека некои земји (Германија з.а.) испратија расипани системи за оружје“, изјави денеска францускиот шеф на одбраната Лекорну.

Според вредноста Германија е една од земјите која испраќа најголема воена и друга помош во Украина.

https://x.com/visegrad24/status/1767170257418850471?s=52&t=TKlkUpMEPrzK2Sn474bDow