Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се огласи во врска со церемонијата на менување на македонското државно знаме што редовно се случува во вилата Водно.
На оваа церемонија се канат и ученици од училиштата ширум Македонија.

,,Кабинетот го огреа детска светлина, дворот грмеше од детски џагор, македонското државно знаме се вееше на сите страни, вриеше како во кошница.
Церемонијата на свечено менување на државното знаме ја разбуди детската свест за татковината. Си заминаа, ама ми останаа во мислите”, напиша Сиљановска Давкова по настанот.







