Претседателката Гордана Силајновска Давкова почна со екипирање на нејзиниот кабинат.



Ѓорѓи Божинов Правникот со речиси тридецениско искуство е именуван за генерален секретар, а новинарот Горан Момировки е негов заменик.

Божинов е дипломиран правник со речиси тридецениско работно искуство во областа на правото во земјоделскиот сектор, јавни набавки, програмите за финансиска поддршка и легислативата на Европската Унија во овие области. Тој во кабинетот доаѓа од раководна позиција во Министерството за земјоделие.

Горан Момироски, пак, е долгогодишен новинар, соработник на Сиљановска во нејзината претседателскa кампањa за изборите во 2019 година.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова дополнително ќе одлучува за останатите лица во Кабинетот.

Освен првите луѓе во Кабинетот, претседателката во наредниот период треба да именува и свои советници.

Од функциите се разрешени досегашниот генерален секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и Тоше Зафиров.