Чилеанскиот претседател Габриел Бориќ вчера најави дека неговата земја ќе се приклучи на тужбата што Јужна Африка ја поднесе против Израел пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг (МКС) во рамките на Конвенцијата на ОН за геноцид, пренесува Index.hr.



Бориќ рече дека е потребна силна реакција од меѓународната заедница за да се запре Израел „во масакрот во Палестина“.

„Затоа решив Чиле да стане странка и да го поддржи случајот што Јужна Африка го покрена против Израел пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг“, изјави тој.

Уште претходно Чиле испрати хуманитарна помош за Палестина, го отповика својот амбасадор во Израел и заедно со Мексико испрати писмо до Меѓународниот кривичен суд во врска со ситуацијата во Палестина.

„Никогаш нема да престанеме да бидеме огорчени од недискриминирачките и крајно непропорционални акции на Израел против невините цивили, особено палестинските жени и деца“, рече претседателот на јужноамериканската земја.

„Веќе се убиени повеќе од 35.000 луѓе, хуманитарната ситуација во земјата е катастрофална, а инфраструктурата во Газа е уништена“, додаде Бориќ, кој има хрватско потекло, потсетува порталот.