Фудбалското лудило нема крај, а особено доаѓа до израз кога станува збор за големи ривалства какво што, на пример, е тоа на „Кариоките“ и Аргентина. Во пресрет на последниот круг квалификации за СП навивачите на Бразил, и тоа не малку, ги молат своите идоли да загубат од Чиле дома, и на тој начин да ја елиминираат Аргентина од настап во Русија.
Гаучосите сепак, решаваат сами и ако слават во Еквадор ноќеска ќе се пласираат, или директно или ќе добијат шанса за бараж, а тоа ќе зависи и од другите средби. Но ако загубат или ако одиграат нерешено, тогаш Бразил навистина може да им пресуди.
За разлика од фановите во најголемата Јужноамериканска земја низ светот сите навиваат Лионел Меси и Аргентина да бидат дел од Светското првенство на кое веќе се пласираа 17 селекции.



СВЕТСКО ПРВЕНСТВО-УЧЕСНИЦИ:

РУСИЈА, БЕЛГИЈА, ГЕРМАНИЈА, АНГЛИЈА, ШПАНИЈА, ПОЛСКА, ИСЛАНД, СРБИЈА

БРАЗИЛ, ИРАН, ЈАПОНИЈА, МЕКСИКО, ЈУЖНА КОРЕЈА, САУДИСКА АРАБИЈА, ЕГИПЕТ, НИГЕРИЈА, КОСТАРИКА