Кандидатот за претседател од коалицијата ВРЕДИ (VLEN), Арбен Таравари рече дека очекуваат да влезе во вториот круг од претседателските избори.
Таравари рече дека од коалицијата ќе водат кампања и ќе бараат поддршка од што повеќе граѓани, но како што вели суверенот е тој што одлучува на крајот.
„Нашите очекувања се да одиме во вториот круг, нормално на крајот одлучува суверенот,“ мислејќи при тоа на гласачите-граѓани.
„Останува да ја направиме нашата кампања и да побараме поддршка и поддршка од што поголем број граѓани, но на денот на изборите суверенот е тој што дефинитивно одлучува кој оди во вториот круг“, изјави Таравари.






