И Талат не е наивен, ќе ја надоместува секоја загубена минута

Спикерот на парламентот по 8 години заедничко владеење очигледно добро ги научил сите финти на екс партнерите од ВМРО – ДПМНЕ на кои сега одговара со негови политички потези.



Откако на барање на координаторот од пратеничките групи формирани од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиески, мораше да прогласи пауза од еден час најави дека секое вфреме загубено поради барање за пауза ќе биде надоместено со продолжување на седниците на собранието по 18 часот до кога според деловникот можат истите да траат.

Илиески побара пауза со образоложение дека во исто време со седницата на Собранието на седницата на Комисијата за финансирање и буџет се расправа за Предлог завршната сметка на Буџетот за 2016 година, а на дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се Предлог-одлуката за разрешување на генералниот секретар на Собранието, како и за именување заменици на генералниот секретар.