Актерката Џулијана Маргулис изјави дека имала застрашувачки искуство со продуцентот Харви Вајнштајн, но и со актерот Стивен Сигал. Таа во интервју деновиве зборуваше за непријатните средби со Сигал и Вајнштајн што и се случиле на почетокот на кариерата.
Џулијана имала 23 години кога кастинг директор на еден филм ја повикал да дојде во собата Стивен Сигал по 22 часот, со образложение дека треба да имаат проба на тестот. Тој ветил дека ќе биде таму, но тоа не се случило, па Маргулис се нашла сама со Стивен Сигал.
„Веднаш стана јасно дека средбата со Сигал е опасна. Тој сакаше да го видам неговиот пиштол. Не знам како излегов од таа соба, но сепка успеав да избегам“, изјави актерката.

Maргулис која е ѕвезда од серијата „The Good Wife“, вели дека слична ситуација и се повторила и со Вајнштајн. Во собата на продуцентот била поканета да дојде да разговараат за главна улога во некој филм, но таа поучена од претходното искуство дошла на разговорот придружувана од својот агент.
„Ја отвори вратата во бањарка. Во просторијата беа запалени свеќи, а на масата вечера за двајца“, рече таа и додаде дека тој се разгневил кога видел дека не е сама и и ја треснал вратата пред лице.
„Главната улога за која зборуваше, секако, не ја добив“ рече Џулијана, најновата на долгата листа актерки кои го обвинуваат холивудскиот продуцент за сексуално вонемирување.




