СДС тврдеа дека уставните измени се последно барање на Бугарија, сега и од таму ги демантираат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по јасните пораки од шефот на бугарската дипломатија Георгиев и потпретседателката Јотова дека условот „Бугари во Устав“ е само прво од барањата што допонително ќе следуваат на патот на Македонија кон ЕУ..
„Димитар Ковачевски, Бојан Маричиќ, Бујар Османи, две години тврдеа дека уставните измени ќе бидат последно барање на Бугарија, иако ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека тоа нема да е случај. СДС лажеше свесно.
Тоа што сите го знаеја и на кое предупредувавме, сега го кажаа и од самата Бугарија.
Министерот за надворешни работи на Бугарија, јасно кажа дека уставните измени нема да бидат последно барање.
Да не беше ВМРО-ДПМНЕ и промислената и државничка политика, СДС ќе ја заглавеше државата“, се вели во соопштението од владејачката партија.






