Францускиот Ла Монд сериозно го обвини во вчерашното издание членот на Интернационалниот олимписки комитет Сергеј Бубка за кого вели дека бил дел од корупциски шеми, на што поранешнот светски и олимписки првак во скок со стап веднаш реагираше и отфрли секаква поврзаност. А станува збор за уплата на 45 илјади евра во 2009. година од страна на синот на поранешниот претседател на светската атлетска федерација Ламин Дијак на сметката на Бубка и префрлање на истите на контото на Сергеј Балахничев и тоа само неколку денови пред гласањето за избор на претседател на ИААФ.



Бубка (54) инаку се уште е светски рекордер во својата дисциплина со прескокнати 6.14 сантиметри во Сестриере во 1994. година, на отворено, и со 6.15 сантиметри, на затворено, во Доњецк во 1993. година.