И по 4-ти пат пропадна обидот за избор на спикер на бугарскиот парламент

Пратениците во бугарскиот парламент и по четврти пат не успеаја во обидот да изберат претседател на Националното собрание.



Во вториот круг денеска влегоа најсериозните кандидати – Раја Назарјан од ГЕРБ-СДС и Силви Кирилов од ИТН.

По серијата гласања и прегласувања, поддршката за Кирилов се искачи на 101 пратеник од 5 различни формации, но тоа се покажа како недоволно, бидејќи дури 20 пратеници од ПП-ДБ одбија да застанат зад неговата кандидатура, јавува Сега.бг.

Ова, досега беше најблискиот обид за успех да се избере шеф на парламентот.

Пратениците се договорија повторно да се сретнат во петок во 10 часот за да се обидат повторно.

Поминаа две недели од заседавањето на новото 51. Народно собрание и досега не се завршило ништо.