И по пет обиди не е избран спикер на бугарскиот парламент

Петти пат по ред бугарските пратеници од 51. Народно собрание ни вчера не успеаја да изберат претседател на парламентот и со тоа да можат да го заокружат циклусот на првата седница.



Часовникот во пленарната сала е запрен од 11 ноември, пишува Њуз.бг.

Стартот повторно беше означен со лажен почеток со повторување и на исти номинации и на барања од партиите како и во претходните 4 обиди.

„Политичкото безобразие веќе достигнува вртоглави височини. Две недели партиските лидери не можат да се договорат кого да стават на чело на Народното собрание.

Резултатот на тоа е Парламент кој не може да извршува ниту една од неговите задачи – ниту да донесува и измени закони ниту да ја контролира извршната власт. Со други зборови, имаме парламент, а всушност немаме“, коментира „Сега.бг“.

Оваа ситуација најмногу му одговара на претседателот Румен Радев, на кого во моментов му се важни две работи:

-да не се создаде редовна собраниска влада насочена против него;

– да се врати на стариот модел на преодна влада што тој ја назначува и контролира.