Ова го најави синоќа членот на Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ и директорот на Служба за општи и заеднички работи во Влада Ивица Томовски во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1.
„За жичницата делот кој е од Средно Водно до врв е во надлежност на Град Скопје односно ЈСП, оној втор дел кој треба да се изгради проектот е преку министерство за транспорт и врски и тој проект треба да биде од „Св. Јован“ во Капиштец до средно Водно и така го поврзувате градот…“, укажа Томовски.
Тој потенцираше дека имаат идеја да се направи подземен паркинг крши Нова Македонија и со тоа да се добие паркинг, зеленило и трансфер со мини бус.
„Она што ние го имаме како идеја и ќе го разговараме со премиерот и соодветните институции кои треба да помогнат во реализација на овој проект е практично кај платото спроти Нова Македонија, паркингот кај Цветен пазар да направиме некакво јавно приватно партнерство или како држава да направиме подземен паркинг и тој моментален паркинг тука да стане зеленило, така добиваме и паркинг и зеленило.
Ние како држава да земеме две или едно возило мини бус кој ќе прави трансфер од Нова Македонија до почетокот на жичницата кај „Св. Јован“ и секој оној кој ќе има намера да може да се паркира тука во паркингот кој би чинел 30 денари наместо 100 денари, да се качи на жичница, да се качи горе и на средно Водно да има уште еден мини бус кој би гравитирал средно Водно, Македонско село, Пантелејмон така ќе го заживееме и манастирот и комплексот Македонско село“, рече Томовски.





