И Нимиц падна во севдах: Средбата Заев-Ципрас има историско значење

Средбата на Зоран Заев и Алексис Ципрас има историско значење, изјави специјалниот претставник на ОН во разговорите за името, Метју Нимиц. Во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, Нимиц препознава дека постои динамика за решение на спорот и додава дека во соработка со меѓународната заедница, може да се постигне заемно прифатлив договор.



-Средбата меѓу премиерите Ципрас и Заев во Давос беше позитивна и важна, една средба од вистинско историско значење, ако конечно доведе до решавање на важните разлики меѓу двете соседни земји. Време да се интензивираат разговорите во врска со условите за еден конечен договор, со претпазливост на прашањата што беа истакнати од двајцата премиери. Согласно со нивната намера, доаѓам во Атина и Скопје на разговори, за да се придвижи процесот. Верувам дека сега постои една динамика за изнаоѓање решение, рече Нимиц.

Долгогодишниот медијатор вели дека веќе се прават конкретни чекори за интензивирање на преговорите за постигнување договор, а позитивен резултат може да се постигне за неколку месеци.

Нимиц планира од 29 јануари до 1 февруари да ги посети Атина и Скопје.