И.Мицковски за „конкуренцијата на кандидатите“ за нов лидер на СДСМ: Избори со еден кандидат и тој не е самостоен!

„Внатрепартиски избори со еден кандидат и тој не е самостоен!“ – со оваа остра реакција се огласи новинарот и политички аналитичар Ивор Мицковски преку фејсбук во врска со изборот на нов претседател на СДСМ, откако Централната комисија на оваа партија утврди дека Венко Филипче е единствен кандидат за партиски лидер на изборите закажани за 16 март.

Мицкоски најдиректно и најасно со својата објава на општествената мрежа посочи колкави ќе бидат „демократичноста“ и „конкуренцијата меѓу кандидатите“ на внатрешнопартиските избори во СДСМ, штом Венко Филипче ќе биде единствен кандидат за лидер. „И тој едниот не е самостоен!“ – нагласи Мицковски, индиректно можеби алудирајќи на тоа кој е, или кој може да може да биде вистинскиот лидер, кој е тој што ќе му командува на „новиот лидер“ на СДСМ – оти е можно Заев да си бил и да ќе си остане вистинскиот лидер на СДСМ, скриен во „сенка“, а на виделина само формално експониран „заменскиот лидер“ Филипче?!

Инаку, претходно СДСМ се пофали дека овие внатрешнопартиски избори ќе бидат „доказ за негов демократски капацитет како партија“, бидејќи „партиските членови ќе го бирале директно лидерот“!