И луѓе без очи и слепи од раѓање ќе прогледаат, револуционерен визуелен уред промовиран во САД

Уредот Blindsight од Neuralink ќе им овозможи да гледаат дури и на оние кои ги изгубиле двете очи и оптичкиот нерв, објавува Илон Маск заблагодарувајќи се на Американската федерална комисија за лекови.



,,Под услов визуелниот кортекс да биде недопрен, тој дури ќе им овозможи на оние кои биле слепи од раѓање да гледаат за прв пат.

За правилно поставување на очекувањата, визијата на почетокот ќе биде со ниска резолуција, како графиката на Atari, но на крајот има потенцијал да биде подобра од природната визија и да ви овозможи да гледате во инфрацрвена, ултравиолетова или дури и радарска бранова должина, како Geordi La Forge пишува Клон Маск за револуционерниот уред илустрирајќи го постот со слика од популарната научно фантастична серија Ентерпрајс.

https://x.com/elonmusk/status/1836120537883644049?t=8envA_3jAgkr1V3pTSTlaQ&s=19