Околу 10 милиони фунти (11,3 милиони евра) на сметка на британскиот монарх биле инвестирани во банки во Кајмански Острови и во Бермуда, тврдат Би-Би-Си и весникот Гардијан.
Овие медиуми биле вклучени во истрагата предводена од страна на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ), кои истражувале 13,5 милиони „протечени“ документи кои покажуваат на кои начин се избегнувало плаќање даноци во матичните држави.
Дури 94 медиуми од светот, биле вклучени во прегледувањето на таканаречените „Рајски документи“, .
Инвестициите на Кралицата, кои не се илегални, иако го избегнуваат британскиот даночен систем, биле реализирани преку грофовијата Ланкастер која управува со имотот кој е и единствен извор на приходи на Елизабета Втора.
Средствата биле инвестирани во голем број компании, меѓу кои и една, Брајтхаус, која се занимава со изнајмување станови со купување на мебел и информатичка опрема, тргува со синџир продавница за алкохол, а која сега наводно била во стечај.
Огромното протекување на финансиски документи откри како моќните и ултра-богатите, вклучувајќи го и приватниот имот на кралицата, тајно вложуваат големи пари во офшор даночни раеви.
Се покажа дека и секретарот за трговија на Доналд Трамп има удел во фирма која има удел во руски фирми кои се санкционирани од САД.
Минатата година протекоа таканаречените „Панамски документи“ поради кои премиерот на Исланд, на пример, поднесе оставка.
„Панамските документи“ покажаа дека и таткото на тогаш актуелниот британски премиер Дејвид Камерон, со децении избегнувал да плаќа данок, а богатството го чувал во банки во даночните раеви.





