Кинескиот претседател Си Џинпинг ѝ ја честита изборната победа на Гордана Силјановска-Давкова на претседателските избори и за преземањето на функцијата шеф на државата.



Во честитката до новата претседателка, кинескиот претседател истакнал дека соработката меѓу Кина и С Македонија во последните години постигнала солиден напредок и донела придобивки за двата народа.

Нагласил дека го цени развојот на билатералните односи меѓу двете земји и дека е подготвен да работи со Сиљановска-Давкова за продлабочување на меѓусебната политичка доверба и проширување на размената и соработката, со цел кревање на пријателските односи меѓу Кина и С Македонија на ново ниво.