Петти пат вкупно и четврти во низа на Светското фудбалско првенство ќе игра и Австралија. Селекцијата од југот утринава со 3-1 го победи Хондурас и си обезбеди место во Русија. Резултатот од мечот во Сиднеј одигран пред 77 илјади гледачи е и конечен зошто во првиот двобој од овој интерконтинентален бараж во Сан Педро пред пет дена беше 0-0.
По ова останува да го дознаеме и 32 патник за Русија, а тој доаѓа вечерва од мечот Перу-Нов Зеланд (0-0).
https://youtu.be/L7vMtX7No0g





