Меморандум за соработка ќе потпишат Синдикатот на вработените во затворите во Бугарија и Независниот синдикат на полицијата кој ги обединува и вработените чувари во затворите во Македонија.



Договорот меѓу двете организации ќе овозможи размена на искуства и тесна соработка за спроведување на информативни и едукативни кампањи, организирање на културни, спортски и хуманитарни манифестации, пренесуваат бугарски медиуми.

Документот ќе биде парафиран за време на дводневната посета, денес или утре во Скопје, , по поканата испратенаа Независниот синдикат на полицијата на Македонија, за време на Конфереција на претставници на синдикалните организации од Македонија, Словенија, Србија, Косово и Албанија, на која се очекува да писуствуваат и министрите за внатрешни работи и правда и претставници на безбедносните служби на Македонија.