Лидерот на партијата За наша Македонија (ЗНАМ) Максим Димитриевски синоќа на Фејсбук објави дека собрал 10.000 потписи потребни за кандидат за претседател на државата на изборите и им се заблагодари на граѓаните за поддршката.
„Над 10 000 потписи за кандидат за Претседател. Благодарам за поддршката. Продолжуваме заедно до конечна победа! #ЗНАМ #ДвижењеЗНАМ #ЗаНашаМакедонија“, напиша Димитриевски на Фејсбук.
Претходно, кандидатот на ДУИ, Бујарр Османи и кандидатот на здружената опозиција на партиите на етничките Албанци, Арбен Таравари, соопштија дека ги собрале потребните 10 илјади потписи






