За градоначалникот на Куманово и лидер на ЗНАМ Максим Димитриевски според последниот пресек од Државната изборна комисија досега биле собрани 8.400 потписи потребни за кандидат за шеф на државата.
Кандидатот Бујар Османи веќе ја надмина потребната бројка од 10 илјади потписи за кандидатура за претседателските избори.
Арбен Таравари, кандидат на здружените албански опозициски партии практично за еден ден од 2.000 дојде до 7.513 потписи.
Кандидатката на Левица, Билјана Ванковска до крајот на вчерашниот ден собра 6.247 потписи.
Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски досега има 4.718.
Останатите кои се обидуваат да соберат потписи се под бројката од илјада.
Собирањето потписи трае до 8 март на полноќ.
Кандидатите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ имаат поддршка од 30 пратеници и не треба да собираат граѓански потписи.






