Сончево и многу топло вре,е се очекува и денеска, но попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени со УВиндекс – 8..
Попладне во делови од скопската котлина ќе има услови за појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 37 степени.
Во текот на следната седмица во попладневните часови ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, а температурите ќе бележат постепено опаѓање.





