Сончево и многу топло време се очекува и денеска со минимална температура  во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.



UV=9.

Во Скопје сончево и многу топло, со слаб до умерен ветер од југозападен правец.  Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во текот на ноќта во делови од котлината ќе има услови за локална појава на невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град.

Утре преку денот ќе се задржи сончево и многу топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. а во попладневните часови  ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер и град.

Во среда и во четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер.