Здружението на етничките Грци во Албанија, „Омонија“, ги отфрла како неточни  објавените резултати од Пописот направен во 2023 година, спроведен од Институтот за статистика, ИНСТАТ.



Друштво „Преспа“: Во Албанија Бугари немало и нема!

„Омонија“ ги нарекува резултатите неосновани, нереални и неприфатливи во однос на демографијата на грчкото малцинство. Тие изразуваат загриженост и за бројките за населението, кои се однесуваат за верска припадност, не прифаќајќи го дури ни бројот на православните во земјата.

Лажни бројки на пописот во Албанија заради ЕУ фондовите

„Бидејќи огромното мнозинство од припадниците на грчкото етничко малцинство припаѓаат на Православната црква, не можеме да не ја осудиме упорноста да се поправи бројната големина за православните, далеку од реалноста и од она што е историски потврдено. Тоа не е добар предзнак за мирен соживот во земјата, ниту пак служи на добриот имиџ што ѝ е потребен“, се вели во реакцијата.

Пописот покажа дека 23.485 лица се изјасниле дека се Грци, а вкупниот број православни бил 174.000.