„Скопиа“, (Σκοπιά) е името кои грчките политичари, граничари, трговци, па и обичните Грци, го употребуваат за нивниот северен сосед наместо предолгото Поранешна југословенска Република Македонија или ПГДМ, според грчко спелување на референцата, добро позната од лепенките кои македонски туристи ги добиваа(т) како украс на нивните возила.
Не е новина, но да потсетиме. Во Грција има неколку населени места со ова име.
Постои Скопиа, село во Еласона, Скопиа во областа Карпениси, истоимени села има и во општината Фарсала, во Флоринаа (Лерин) и во серско, во Неа Зики.
Грција се противи на името Република Македонија, бидејќи тоа содржело иредентистички претензии кон областа Македонија под кое име, во 1988 година, е преименуван дотогашниот Грчки север или Елиникос вора (ελληνικό βορρά).
Официјална Атина, за кражба на историјата и отворено непријателство, ги смета и имињата на скопскиот аеродром „Алаксандар велики“, на автопатот, Арената „Филип Втори“, спомениците на ликови од античка Македонија што Грција ги третира за исклучиво грчко наследтсво.
Има шпекулации, кои неделава дојдоа преку германскиот печат, дека по локалните избори ќе се случуваат големи „прекрстувања“ и дека аеродромот ќе добие име по светицата Мајка Тереза, која поради етничкото потекло е покомпромисно решение за скопскиот аеродром.
Но, нема инфорамции дека жителите на споменатите населени места во Грција го оспоруваат името на главниот град на Република Македонија или дека политички правници откриле скриен иредентизам и кражба на античкиот збор „скопос“ во називот на градот на денешните Скопјани.
Скопјанос е и име со кои неретко се нарекуваат и припадници на македонското малцинство во Грција за да се избегне она „македонци“ за не-Грците, откако еден поранешен премиер се прослави со фразата дека „на северот на Грција живеат два милиони Македонци кои се горди Грци“. Хаосот со новите грчки Македонци е тотален.
Комично е, иако е стварност, дека мноштвото припадници од непризнаеното македонско малцинство во Грција, никогаш ни туристички не го посетиле Скопје.
На оние, пак, кои послободно го употребуваат мајчиниот македонски јазик и проговоруваат за јазични и културни права се етикетираат како скопски шпиони (Οι κατάσκοποι από τα Σκόπια).





