Милан Ѓуриќ денеска соопшти дека ќе поднесе оставка од функцијата градоначалник на Нови Сад, дознава Нова.рс.
По синоќешниот страшен напад во Нови Сад, во кој непознати лица бркаа студенти со бејзбол палки и автомобил, по што студентите завршија во Клиничкиот центар во Војводина, Милан Ѓуриќ поднесе оставка.
Ѓуриќ беше реизбран за градоначалник на овој град на крајот на август минатата година, но во ноември минатата година и граѓаните и опозицијата побараа негова смена, бидејќи тој беше на оваа функција во времето кога настрешница падна на Железничката станица во Нови Сад.
Тогаш беше посочено дека и Ѓуриќ и неговиот претходник, денес премиер на Србија Вучевиќ, имале доволно време да ја „почувствуваат моралната одговорност и да си поднесат оставка“.
Имено, расправата за импичмент на градоначалникот Ѓуриќ, на барање на опозицијата поради, како што наведоа, политичка одговорност за трагедијата на железничката станица, беше проследена со низа инциденти на влезот во зградата на Градското собрание.
Обидот на некои претставници на опозицијата и на дел од граѓаните да влезат во собраниската зграда го спречија полицајци со штитови и обезбедување на собранието со здружени сили.





