Откако вчера хотелиери од бугарското крајбрежје на Црното Море пријавија исчезнати работници од Непал и Шри Ланка, се отвори дискусија зошто тоа се случува и дали овие работници од третиот свет не ја користат Бугарија како „порта“ кон други поатрактивни земји, пишува Њуз.бг



Според Веселин Налбантов, потпретседател на Бугарската асоцијација на хотели и ресторани, ова што се случува е едноставно нов начин за трговија со мигранти.

Непалците багаат од Македонија: „Исчезнале“ уште деветмина

„Мислам дека овие луѓе само минуваат низ нашата земја, не користат како отскочна даска. Тие работат кај нас, но на кратко“.

Работниците кои побегнаа од хотелски комплекс на бугарското море ги оставиле зад себе пасошите и целиот багаж – веројатно по барање на шверцерите со мигранти.

Освен тоа, избеганите работници – околу 20-тина, заминале без да земат плата за сработеното.