Директорот на државната Агенција за промоција и поддршка на туризмот Александар Донев сеуште не дал оставка иако пред него за скандалот со бонусите во ДИК заедно со другите членови се повлече дури и Силвана Бонева.
Донев за кого јавноста преку активисти на СДСМ беше инфомирана дека потрошил 4000 долари за лет во бизнис класа на саем на екстремен туризам во Аргентина од кој Македонија досега не виде никаков ќар, по што беше оштро критикуван во јавноста сеуште молчи за негово повлекување од позицијата директор.
Откако најави дека ќе ја врати разликата од 700 евра која што е платена за бизнис класа која е поефтина од економската и откако негови соработници брифираа дека размислува да се повлече од директорското место, Донев го нема никаде да се произнесе за барањата за негова оставка.
Поточно тој продолжува да патува на настани на кои што ја промовира Македонија и националниот, пред се алтернативен туризам.
Последна негова дестинација e Албанија каде што минатата недела учествувал на саем повторно за алтернативен туризам а предходно е сликан во Лондон каде што учестувал на „World Travel Market“.
На веб сајтот на Агенцијата која што ја предводи има информации за неколку настани на кој учествувал но нема никакво инфо за патувањето во градот Салта во Аргентина каде што според Донев тој имал многу набиена агенда.
Инаку приватно Донев има компанија која е специјализирана само за алтернативен туризам што веројатно е главната причина зошто тој како директор на Агенцијата за туризам посветува огромно влијание на овој вид туризам за разлика од традиционалниот туризам од кој што живеат најголемиот дел од македонските туристички работници.





