Вооружените сили на Албанија ќе учествуваат во мисијата за помош и обука на украинските сили во командата на НАТО во Визбаден, Германија.
Оваа одлука беше донесена денеска на седница на Советот на министри.
Според одобрената одлука, во оваа мисија, чија цел е давање помош и обука на персоналот на Вооружените сили на Украина, ќе бидат ангажирани четворица албански војници.






