Македонскиот автомобилист Игор Стефановски не успеа да дојде до Европската титула во Туринг шампионатот бидејќи денеска на патеката во чешкиот Мост во првата од двете предвидени трки „прегоре“ од желба, нападна во седмиот круг и го презеде водството, но притоа беше дел од инцидент за кој, Директорите на трката сметаа дека го предизвикал токму Иџе, кој веднаш беше казнет и заврши како последен. Кога веќе беа загубени шансите, во втората трка Стефановски беше петти, а победи Петер Фулин кој и стана европски првак.
„Судиите ме казнија за бизарен и неопасен инцидент“ рече Стефановски видно разочаран по последните трки во сезоната.





