ИЈЗ: Обезбедете вода за пиење, готвење, лична хигиена…

 

Институтот за јавно здравје на Македонија (ИЈЗ)  издаде препораки за граѓаните во врска со најавениот недостиг на вода по најавата дека од вечерва по 22 часот поголемиот дел од Скопје ќе остане без вода поради санација на главниот цевковод.



За граѓаните се препорачува – складирање на вода најмалку 4 литри вода по лице на ден, да се користи само за основни потреби како пиење, готвење и лична хигиена, да се користат средства за дезинфекција на раце ако нема достапна вода, да се готват оброци кои не бараат многу вода за подготовка и миење…

Прекинот, како што најави ЈП „Водовод и канализација“ ќе трае се до санирање на дефектот.

Без вода ќе бидат најголем дел од населбите низ градотосвен Чаир, Бутел, Радишани, Пластичарска до Американска амбасада, Визбегово, Бардовци, Железара, Автокоманда висока зона, Ѓорче Петров од СП Планет, Сарај, Шутка, Топанско поле, Новоселски пат, населба Даме Груев, Кисела Јабука, Стопански двор, Волково и Орман.

За санирање на дефектот ќе биде запрена водата од главниот градски цевковод Ф-1600, заради реализација на претходно најавениот сложен оперативен план за санација на главниот цевковод.