Итно затворена „ЗОО Скопје“ поради сомнеж за смртоносна болест кај птиците

Итно и без никој ништо да каже клуч на врата беше ставен на скопската Зоолошка градина. Како што велат вработени во градината, кои сакаа да останат анонимни, од Агенцијата за храна и ветеринарство утврден е птичји грип кај гуска што долетата во езерцето од надвор. Инспектори од Агенцијата извршиле увид, по што како што раскажуваат вработените, убиени се сите птици кои се наоѓале во езерото заради контакт со заразената гуска.



Во моментов во Зоолошката градина не може да се влезе, а вработените велат дека се затечени од овој случај.

Директорот на Зоолошката градина Зоран Попов го нема никаде да каже што се случува. Ама затоа активен е поранешниот менаџер на „ЗОО Скопје“.

Ексдиректорот на Зоолошка градина-Скопје, Ѓорги Галетановски тврди дека бактерија „птичиј грип“ е најдена во оваа установа и дека таа е затворена за посетителите.

Смртоносна бактерија “птичји грип” е најдена во зоолошка градина Скопје. Во моментов Зоолошка е затворена посетителите евакуирни инспектори се веќе влезени.Ги замолувам посетителите и колегите сите што ја посетиле деновиве да се проверат“, објави Галетановски.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов за Мета.мк изјавил дека од рано изутрина е во Зоолошката градина и дека ќе се вршат сите можни испитувања за да се види точно за што станува збор.

  • Во моментов не можам да дадам никакви конкретни информации додека немаме резултати од испитувањата“ рекол Миланов.

Поранешниот директор на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетаневски на социјалните мрежи сподели дека во Зоолошката градина е откриен „птичји грип“.