Конад, како еден од водечките ланци супермаркети во Италија, „CONAD“  во наредните години планира да отвори неколку продавници во Македонија.



„CONAD“ управува со модерни супермаркети опремени според највисоките меѓународни стандарди и бележи позитивен раст на бизнисот во последните години.

По Албанија и Косово, италијанскиот ланец супермаркети „CONAD“ најавува влез и на пазарот во Македонија.

Според компанијата, ова е дела од нивната стратегија за зголемување на своето меѓународно присуство и зајакнување на позицијата на Балканот, која ја вклучува и Црна Гора.

„CONAD“ -Албанија е дел од групата Конад Адријатико. Филијалата на „CONAD“ во Албанија објави дека планира да го прошири синџирот на нови пазари и да влезе во Македонија и Црна Гора.

Првите супермаркети Конад во Италија беа отворени во 1962 година.

„CONAD“ е присутен и во Сан Марино, Кина и Малта.