Иако требаше денеска да заседава Врховниот суд, претседателот на истиот Јово Вангеловски, соопштил дека седницата за одлучувањето за притворите побарани од СЈО, која беше закажана за денес, повторно е одложена. Причината била процесни грешки во материјалите.



Претходно во денот Вангеловски тврдеше дека седницата треба да почне, но оти не знае кога ќе заврши. Најава за седница имаше и вчера, но, како што тврдат извори од судот, била одложена поради смртен случај.

Советот од пет судии во Врховен треба да одлучува за притворите на поранешните високи функционери во УБК, Горан Грујевски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“.