Исчезнат Македонец: Излегол од дома утринава во 4 часот по што му се губи трагата

Во случајот во кој е исчезнато лице, Штипјанец излегол од дома утринава во 4 часот по што му се губи трагата а семејството не може да го пронајде.



Негови блиски на социјалните мрежи информираат дека исчезнатото лице е Владимир од Штип.

Има 36 години, висок и облечен во црни тренерки. Домот го напуштил вчера во 04:00 часот и му се губи секаков траг, пишуваат негови блиски кои апелираат до секој кој има било каква информација, да се обрати во најблиската полициска станица или да го контактира неговото семејство.