Македонското министерство за надворешни работи информира дека министерот Димитров по подолга пауза се враќа на работа.
За денеска, најавена е средба на Коѕијас со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, кој инаку повеќе од 20 дена буквално го снема од јавноста.
Од кабинетот на Димитров информираа дека тема на средбата ќе бидат прашања од билатерален интерес, како и понатамошно зајакнување на мерките за градење доверба.
МНР не даде детали каде ќе се одржи средбата.





