Српските медиуми објавија видео на кое се гледаат две жени и едно девојче за кое велат дека наводно е двегодишна Данка Илиќ од Бор која исчезна пред шест дена.



Снимката наводно е направена во Виена, но нема потврда кога и каде точно.

На видеото се гледаат две жени со чанти кои стојат на улица, а покрај нив има мало девојче, но од снимката не може да се утврди дали се работи за исчезнатата Данка.

Оваа информација пристигнува на шестиот ден од потрагата по малото девојче.

Телеграф.рс пишува дека ова го снимил Србин од Виена, а наведуваат дека се обидел да им се обрати на жените кои го придружувале девојчето, но, дека не успеале да се разберат.

Според неговите зборови,жените го повикале девојчето, но детето не реагирало, како да не ги познава.

Потрагата по двегодишната Данка Илиќ, која од вторникот се води за исчезната во Бањско поле кај Бор, влезе во шестиот ден.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска објави дека синоќа се појавила нова трага околу исчезнатото девојче.

„Сакам да и се заблагодарам на полицијата која работи дење и ноќе. Кога се појави нова трага во три и пол синоќа, и јас бев известен.

До 5,30 часот сите беа на своето место. Секоја чест за нивната посветеност. колку луѓе секојдневно се борат за прекрасен живот се надевам дека ќе успеат да го решат и тој случај“, изјави Вучиќ.