Продолжува „трендот“ Непалци кои добиле работа во Македонија „да исчезнуваат“ баз најава, а најверојатно дестинација им е некоја од западноевропските земји.



Во изминатиов период најпрво исчезнаа 6 жени, работнички во прилепска фирма дојдени од Непал, а потоа уште десетмина вработени во туристички објекти во Охрид.

Пак избегаа Непалци дојдени за работа во земјава

Вчера, пак, во 11.15 часот во СВР Скопје, М.Н.(41) од Скопје пријавил дека од работното место на подрачјето на општина Аеродром се оддалечиле шест лица од Непал, со привремен престој во Скопје, а кои биле вработени во неговата фирма.

Се преземат мерки за пронаоѓање на лицата.