Исходот на локалните во „ΠΓΔΜ“, повод за мобилизација во Атина

Во Грција се следат случувањата со очекување да се види дали реториката на господинот Заев и, се разбира, на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, е во согласност со вистинските намери со можностите за значителни чекори кон компромис (за името н.з.) пишува атински „Катимерини“, откако Социјалдемократите во грчкото соседство победуваат на локалните избори.



Фактор за забрзување на напредокот во преговорите меѓу Атина и Скопје околу прашањето за името е исходот од првиот круг на локалните избори во Македонија, бидејќи владејачката партија на Зоран Заев СДСМ се консолидира, додека ВМРО-ДПМНЕ од Никола Груевски евидентира колапс на изборните перформанси, пишува весмникот.

Настапот на Зоран Заев, кој Запад го смета за умерена и способна (личност) да ја води земја на патот на евроатлантските структури, практично ги изненади и најдобрите аналитичари кои предвидуваа релативна рамнотежа(на изборите) меѓу двете страни.

СДСМ, кој освои само четири општини низ целата земја во 2013 година, сега во првиот круг победи во најмалку 37 оптини.

Резултатот практично отвора пат за внатрепартиско преиспитување на улогата на (Никола) Груевски кој тешко дека ќе успее да се задржи чело на ВМРО, пишува „Катимерини’.

Искусни набљудувачи проценуваат дека резултатот од неделата ќе доведе до брзи иницијативи од страна на меѓународниот играчи.

Извори на атинскиот весник велат дека речиси е сигурно дека специјалниот претставник на ОН за спорот за името, Метју Нимиц, ќе биде активен во следниот период, „со што кварталот помеѓу ноември и февруари ќе биде исклучително критичен за напредокот на разговорите меѓу Атина и Скопје“.