Ракометарите на Алкалоид го освоија првиот трофеј во тригодишната историја на клубот, триумфирајќи со 25:23 по подоброто изведување пенали од Еурофарм Пелистер во финалето на 31. Куп на Македонија.
Натпреварот во арената „Борис Трајковски“ во Скопје по основните 60 минути заврши нерешено 22:22, а јунак во пенал-рулетот, како и во последните секунди од полуфиналето со Вардар, беше голманот Иван Галевски, кој одбрани два седмерца (плус Радивоевиќ погоди пречка), а точка на победата стави Џонов со погодениот последен пенал.
Симоноски со 5 погодока беше прв стрелец меѓу „фармацевтите“, пред Дамјан Митев, Бинго и Велковски со по 4.
Кај битолчани, кои и 19. година во низа останаа без куп-титула, најефикасен беше Пешевски со 7 гола, пред Кузмановски со 6.






