Историски ниска камата за проекти на македонскиот бизнис, Мицкоски постигнал договор со банките

Владата и поголем дел од банките се договориле за условите за пласман на 250-те милиони евра од унгарскиот кредит – каматата за компаниите ќе биде 1,95%, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски.



Владата и дел од банките се договорија околу услови за поделбата на 250 милиони ерва од унгарскиот заем до стопанството. Според премиерот Мицкоски засега согласнот има од неколку помали и неколку поголеми банки за тоа парите да стигнат до крајните корисници во стопанството под камата од 1,95% а оние што нема да ги прифатат овие услвои нема да бидат дел од овој проект.

Според премиерот договорени се и останатите услови под кои парите ќе бидат достапни за сите компании независно дали се од мал, среден или голем обем. Она што е главно е дека ќе мора да имаат 20% сопствено учество односно на 250 милиони евра тоа се уште 50 милиони евра кои ќе треба да ги инвестираат компаниите.

Она е што е значајно е дека компаниите најнапред со проектите ќе аплицираат кај банките и откако тие ќе бидат одобрени тогаш ќе се префрлат пари од унгарскиот заем за оваа намена со тоа што максимално една компанија под овие исклучително поволни услови може да искористи до 10 милиони евра. Претходно од владата соопштија дека основната камата до 3,25% во целост ќе ја плати државата а не банките со цел стопанството да добие финансиска инекција под најповолни услови.