Историската железничка линија меѓу Бугарија и Македонија стигна до јавна расправа во Ќустендил

Речиси 120-годишните обиди за железничко поврзување меѓу Бугарија и Македонија дојдоа до јавна расправа во Ќустендил на 28 март во Ќустендил за влијанието врз животната средина и врз заштитените подрачја во бугарскиот дел од Радомир преку Ѓуешево до македонската граница, објави Бугарското национално радио (БНР).



„Проектот на Државното претпријатие ‘Национална компанија за железничка инфраструктура’ (НКЖИ) има за цел изградба на железничка магистрала во правец Софија – Перник – Радомир – Ѓуешево – граница со Република Северна Македонија, која ќе ги опслужува населението, домашниот и меѓународниот товарен сообраќај.

Железничката линија од Радомир до границата со Република Северна Македонија е изградена во две фази. Делницата Радомир – Ќустендил е во функција од 26 јули 1909 година. Изградбата на железничката линија Ќустендил – Гуешево започна во 1906 година, а беше завршена пролетта 1910 година.

Инвестицискиот предлог предвидува ‘Модернизација на железничката пруга Радомир – Ѓуешево – граница со Република Северна Македонија’ и е за изградба и експлоатација на нова брза железничка линија од Радомир до границата со Република Северна Македонија, со проектирана брзина од 130 км/ч, а на некои делници според одделни варијанти брзината треба да биде 140 км/ч“, се вели во прилогот на БНР.